По два дена присуство на расправата вчера вечерта на Јанева ѝ се слоши и таа ја напушти седницата. Претседателот на Комисијата, Влатко Ѓорчев, ја презакажа седницата за денеска.
Откако Јанева ја напушти седницата, од СЈО испратија соопштение дека им се извинува на пратениците што не одговорила на нивните прашања и дека нејзината здравствената состојба е под лекарски надзор.
Денешната расправа на Комисијата е закажана за 13 часот.
Инаку, во текот на денот Катица Јанева одговараше на прашања поврзани со транспарентноста и објективноста на Специјалното обвинителство, при што дел од пратениците обвинија дека ова обвинителство не се однесува професионално.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерот покрена постапка против романската обвинителка Ковеси, другарката на Катица
-
Катица Јанева: Покренуваме обвинение против пајакот
-
Скандалозна кражба на клуч за време на претресот на СЈО во домот на судијата Панчевски (видео)
-
Маневски: Треба да се избере професионален јавен обвинител, а не некој како Јанева