| четврток, 6 декември 2018 |

Комисиската расправа ќе продолжи денеска, на обвинителката ѝ е добро

katica-na-komisija
Здравствената состојба на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е добра и таа ќе присуствува на денешната седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, информираат од Специјалното јавно обвинителство.

По два дена присуство на расправата вчера вечерта на Јанева ѝ се слоши и таа ја напушти седницата. Претседателот на Комисијата, Влатко Ѓорчев, ја презакажа седницата за денеска.

Откако Јанева ја напушти седницата, од СЈО испратија соопштение дека им се извинува на пратениците што не одговорила на нивните прашања и дека нејзината здравствената состојба е под лекарски надзор.

Денешната расправа на Комисијата е закажана за 13 часот.

Инаку, во текот на денот Катица Јанева одговараше на прашања поврзани со транспарентноста и објективноста на Специјалното обвинителство, при што дел од пратениците обвинија дека ова обвинителство не се однесува професионално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top