| четврток, 6 декември 2018 |

Ципрас и Бан Ки Мун разговарале и за името

Прашањето за името на Македонија била една од темите за кои разговарале грчкиот премиер Алексис Ципрас и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.

На средбата во Њујорк бил присутен и посредникот Метју Нимиц, јави дописникот на МИА од Атина.

Според грчки владини извори, генералниот секретар на ОН ги смета за „особено позитивни“ мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција.

Ципрас, од своја страна, повторил дека Грција има цврст став за прашањето за името, но и дека вложува напори да се најде решение за сложено име со георгафска одредница за вкупна употреба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top