| четврток, 6 декември 2018 |

Не се знае дали ќе се одржи комисиската расправа за извештајот на СЈО поради влошената здравствена состојба на Катица Јанева

­katica-janeva-apcinja

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради, како што информира, влошена здравствена состојба, вчера порано ја напушти седницата на Комисијата за политички систем за работата на Специјалното јавно обвинителство.

„Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и им се извинувам на сите пратеници што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата“, вели Јанева во пишаната изјава до медиумите.

Во меѓувреме, како што информираат од СЈО, побарана е лекарска помош и здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор и контрола. Се очекува комисиската расправа заизвештајот на СЈО да продолжи денеска попладне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top