Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поради, како што информира, влошена здравствена состојба, вчера порано ја напушти седницата на Комисијата за политички систем за работата на Специјалното јавно обвинителство.
„Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и им се извинувам на сите пратеници што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата“, вели Јанева во пишаната изјава до медиумите.
Во меѓувреме, како што информираат од СЈО, побарана е лекарска помош и здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор и контрола. Се очекува комисиската расправа заизвештајот на СЈО да продолжи денеска попладне.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Министерот покрена постапка против романската обвинителка Ковеси, другарката на Катица
-
Катица Јанева: Покренуваме обвинение против пајакот
-
Скандалозна кражба на клуч за време на претресот на СЈО во домот на судијата Панчевски (видео)
-
Маневски: Треба да се избере професионален јавен обвинител, а не некој како Јанева