| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува есенскиот саем ДОМА

Скопски саем од денеска до 2 октомври ќе биде домаќин на 4. есенски саем ДОМА што ќе се одржи во три саемски хали. На саемот ќе може да се најде сѐ за домот по намалени цени.

– На изложбена површина од 5.000  квадратни метри ќе бидат претставени парчиња мебел пред посетителите кои се заинтересирани да го преуредат својот дом или, пак, се во фаза на негова градба или реновирање. Оваа саемска манифестација се одржува веќе четврта година по ред и горди сме што сме организатори на единствен настан од ваков вид кој во својата понуда има квалитетни парчиња мебел по сезонски намалени цени – изјави Сања Кондарко, оперативен директор на проектот во Скопски саем.

Влезот ќе биде бесплатен, а работното време на саемот е од 10 до 20 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top