| четврток, 6 декември 2018 |

Кои пет работи и се потребни на секоја мајка?

На секоја мајка и е потребно:

1. Помине еден ден без цртани филмови и песнички

Иако можеби ви е полесно кога детето внимателно гледа во телевизорот, сепак понекогаш на секоја мајка и е потребна малку тишина.

2. Неколку ноќи добар сон

Ако се случи една ноќ да не морате да се будите повеќе пати во текот на вечерта тогаш веќе следната и таа по неа ќе морате да станете 100 пати. Затоа направете си услуга и најдете начин како да спиете барем две три вечери мирно. Побарајте помош од сопругот или родителите.

3. Долго и опуштачко туширање

Туширањето е обично на брзина. Затоа направете некој распоред да влезете да се туширате кога сте сама. По долга и топла опуштачка купка ќе се чувствувате одлично.

4. Разговори со возрасни

Кога сте со дете сите разговараат само за детски теми и на “детски“ јазик. Па нормално е дека сакате да правите муабет на друга тема.
Започнете еден таков и изборете се за своите пет минути нормален разговор.

5. Редовни излегувања со партнерот

Не заборавајте дека формиравте заедница со вашиот партнер зошто се вљубивте во него. Кога ќе дојдат децата не значи дека тоа треба да го заборавите и запуштите. Одвојте време еден за друг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top