| четврток, 6 декември 2018 |

Дрска и безобразна Катица Јанева не дава отчет каде се потрошени народните пари (видео)

-За финансискиот извештај, ви кажувам, можете да прашувате колку сакате, повеќе информации нема да Ви дадам- им рече Катица Јанева денеска на пратениците во македонското Собрание.

Откако вчера се обиде да го негира легитимитетот на пратениците, денеска на пратениците на расправата за извештајот на СЈО им порача дека нема намера да одговара за потрошените пари кои недостасуваат во извештајот.

Токму Катица Јанева е првиот функционер кој што директно одби да даде извештај и да образложи каде и за што ги троши парите на граѓаните. Јанева призна дека нема намера да дава одговори за тоа каде, за што и колку средства троши од буџетот кој што и го овозможија токму истите пратениците од Собранието на Република Македонија.

Во текот на расправата пратениците во текот на расправата за извештајот на СЈО  во неколку наврати ја прашаа Јанева каде се потрошени над 60 милиони денари за што недостасуваат информации во финансискиот извештај што таа го има ставено во шестмесечниот извештај. Во Собранието се поставија прашања дали овие средства биле искористени за поткупување на сведоци, поради се почестите информации кои ги објавуваа медиумите.

Вакво нетранспарентно, неодговорно и непрофесионално однесување во Собранието на Република Македонија, никогаш и од никого досега не се случило.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top