| четврток, 6 декември 2018 |

Професија чистач на вошки и гниди: Една девојка ја чистев влакно по влакно, седум часа

Во Хрватска постои професија чистач на вошки и гниди. Со неа засега единствено се занимава Горан Влах, пишува „Јутарњи лист“. Тој со ова се занимава три години. На интервенции оди дома, каде што ќе го повикаат, а со себе го носи посебното столче и неколку секојдневни предмети со кои се чистат вошки и гниди – чешел, регенератор за коса и мешавина од оцет и вода.

– Прво нанесувам оцет на главата, бидејќи тој ги одвојува гнидите кои се држат за темето, потоа регенератор со кој се успорува движењето на вошките бидејќи кога ќе ја тргнам косата, тие бегаат. Потоа со чешел ја чешлам косата и полека ги отстранувам вошките, а на крајот се мие косата – опишува Горан.

istrebljivac_usiju10-180916

 

Тој додава дека за оваа работа е потребно да се има добар вид, трпение и да не сте гадливи.

Горан досега имал околу 700 интервенции. Најмногу во сеќавање му останала една девојка која ја чистел од вошки седум часа.

– Таа се занимаваше со фолклор и имаше многу долга коса која не смееше да ја истриже. Ја чистев влакно по влакно. Следниот ден ме болеа сите мускули на рацете – раскажува Горан.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top