Колку и да звучи смешно или неверојатно, стручните лица тврдат: со самофотогрфирање расте бројот на вошки кај тинејџерките.
Тинејџерите обично кога се самофотографираат, ги доближуваат главите една до друга, но не знаат дека тука демнее една опасност – така лесно се пренесуваат вошки.
Мерси Мекгилан, експерт за вошки за магазинот „Тајм“, вели дека иако вошките се јавуваат кај помали деца, се забележува пораст на бројот кај тинејџерите кои имаат вошки, а причината ја гледа во самофотографирањето.
– Обично лекувам мали деца бидејќи тие се изложени на поблизок контакт со главите, но сега е сѐ поголем бројот на тинејџери што имаат вошки, односно ги добиваат кога сакаат да се самофотографираат – вели Мекгилан.
Колку и да звучи смешно или чудно, сепак не е лошо да се повнимава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.