| четврток, 6 декември 2018 |

Со „селфи“ фотографиите се пренесуваат вошки

Селфи фотографиите сликани со паметен телефон се еден од начините за пренесување вошки меѓу децата и адолесцентите, предупреди вчера Руската агенција за заштита на потрошувачите и ги посоветува да престанат со таа пракса.

– Занесеноста по селфи покажува ширење на вошки меѓу адолесцентите, стои во соопштението на регионалната канцеларија на Агенцијата Роспотребнадзор.

Селфи го олеснува пренесувањето на паразитите кога главите се во допир, предупредува агенцијата и наведува дека станува збор за главниот начин за пренос на вошки меѓу децата и адолесцентите.

Следниот пат кога ќе посакате да си направите селфи со пријателите, размислете уште еднаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top