| четврток, 6 декември 2018 |

Дали треба да се насели Венера, наместо Марс? (Видео)

И покрај фактот што постојат голем број на докази дека Венера некогаш била погодна за живот и што поради сличноста со нашата планета го добила прекарот „Соседниот близнак на Земјата“, на неа речиси воопшто и да не и се посветува внимание. Сигурно, не колку на Марс.

capture8

Сепак, Венера е милиони километри поблиску, па зошто тогаш не сме заинтересирани да ја населиме неа?

Постои огромна разлика помеѓу вниманието што го добиваат Венера и Марс и од вселенските агенции, како и од популарната култура, а тоа може многу да влијае на политиките поврзани со истражувањето на вселената.

Во моментов, владите на САД и Кина се заинтересирани за испраќање човечки мисии на Марс. Милијардерите се спремни да платат многу пари за да ги испратат своите летала до таму, а НАСА дури почна и да бара потенцијални жители за Марс. Но, за човечки мисии за Венера засега воопшто не се дискутира, што е прилично чудно, со оглед на тоа дека Венера е 14 милиони километри поблиску до Земјата, отколку што е Марс.

Како што се објаснува во видеото, фактички населувањето на Венера би било полесно и поевтино од населувањето на Марс.

Како прво, двонасочното патување од Земјата до Венера би било за 30 до 50 проценти пократко отколку до Марс.

Помислете само колку храна, гориво и време би се заштедило, особено ако се земе предвид дека е потребно да се однесат доволно резерви за да може таму да се воспостават услови за живеење.

Венера е исто така и поблиску до Сонцето, што и овозможува да има четири пати повеќе соларна енергија од Марс, додека нејзината густа атмосфера нуди многу подобра заштита од сончевото зрачење, отколку кревкиот заштитен слој на Марс.

Нејзината гравитација е исто така многу послична со земјината, отколку гравитацијата на Марс, што значи дека доселениците би имале многу помалку негативни ефекти врз нивните коски.

Погледнете го видеото и откријте зошто сите оние кои имаат влијание за тоа како да се спроведува истражувањето на вселената се пристрасни кон Марс. Ќе кажеме само дека ние луѓето ги сакаме површините.

извор:Енаука

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top