Холивудските актерски ѕвезди, меѓу кои и Роберт Дауни Џуниор и Скарлет Јохансон, со видео порака објавена во средата ги повикуваат Американците да се запишат на избирачките списоци за да можат да излезат на претседателските избори, истовремено повикувајќи ги да не гласаат за републиканскиот кандидат Доналд Трамп, а актерската екипа од популарната телевизиска серија „Западно крило“ ќе се ангажира викендов во кампањата на демократската кандидатка Хилари Клинтон.
Станува збор за иницијативата „Спаси го денот,гласај“, еден вид одбор за политичка акција која помага во финансирањето на кампањата на еден од претседателските кандидати, во случајов на Демократската партија, Хилари Клинтон. Одборот го основа американскиот режисер Џос Ведон а снимката започнува како порака на овој, како што се декларира, јавен сервис, кој тврди дека единствената цел му е да ги поттикне Американците да се пријават и да се запишат во избирачките списоци.
-Во вторник на 8-ми ноември, оваа земја ќе ја донесе најважната одлука во својата историја, а вашата обврска е да учествувате во носењето на таа одлука, порачуваат еден по друг Дауни Џуниор и Скарлет Јохансот.
Меѓутоа, наскоро тонот и атмосферата на пораката се менуваат, а избирачите се повикуваат да не гласаат за републиканскиот кандидат Доналд Трамп, неспоменувајќи го конкретно неговото име.
-Можеме да ставиме крај на кошмарот и пред да започне, вели актерката Џулиан Мур.
Меѓу актерите кои учествуваат во видео пораката се појавуваат Џејмс Франко, Дон Чедли, Стенлу Тучи, Марк Рафало, Мартин Шин и Нели Патрик Харис.
Сакајќи да внесат малку хумор во пораката, актерите на гледачите и избирачите им ветуваат дека, доколку нивните сограѓани се запишат на избирачките списоци, актерот Рафало во неговиот следен филм ќе одигра сцена потполно гол.
Истовремено актерската екипа на некогаш популарната телевизиска серија „Западно крило“, дел од Белата куќа, најави дека во текот на викендот ќе се ангажираат во вистинска претседателска кампања, онаа на Хилари Клинтон.
Групата актери од фиктивната Бела куќа во која претседател е демократ, Ричард Шиф, Алисон Џејни, Бредли Витфорд, Дул Хил, Џошуа Мелина и Мери Меккормак, од серијата која се прикажуваше од 1999 до 2006 година, ќе ја следат демократската кандидатка за претседателка на САД во клучниот дел од кампањата во сојузната држава Охајо, учествувајќи на неколку предизборни собири, соопштија од штабот на Клинтон.
-Актерите ќе учествуваат во кампањата на теренот, и на избирачите ќе им откријат зошто тие ја поддржуваат Хилари Клинтон, а ќе ги повикаат и жителите на државата Охајо да се запишат на избирачките списоци за да може да гласаат и да се ангажираат во организацијата на своите заедници пред изборите во ноември, се наведува во соопштението.
Вдахновена од животот во Белата куќа, серијата „Западно крило“ го прикажуваше секојдневниот живот на фиктивниот претседател на САД од Демократската партија, кого го играше Мартин Шин и неа неговите соработници. Серијата беше прикажувана седум сезони и освои три Златни глобуса и 25 награди Еми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)