| четврток, 6 декември 2018 |

Да, бремена сум!

Француската актерка Марион Котиjар на „Инстаграм“ објави дека е бремена и ги отфрли сите шпекулации за наводна афера со Бред Пит, колегата од филмот „Allied“ кој во ноември ќе се најде во киносалите.

„Ова ќе биде мојата прва и последна реакција на веста која во последните 24 часа се прошири низ медиумскиот простор, а еден од нејзините актери сум и јас“, објави глумицата на „Инстаграм“.

„Обично не ги коментирам таквите работи, ниту ги сметам за сериозни, но бидејќи влијаат на луѓето што ги сакам, морам да проговорам“, напиша Котиjар откако многу медиуми објавија дека таа е причината за разводот на Бред Пит и Анџелина Џоли.

„Сакам Анџелина и Бред, кои многу ги почитувам, да го најдат својот мир во овој турболентен момент“, рече Котиjар.

This is going to be my first and only reaction to the whirlwind news that broke 24 hours ago and that I was swept up into. I am not used to commenting on things like this nor taking them seriously but as this situation is spiraling and affecting people I love, I have to speak up. Firstly, many years ago, I met the man of my life, father of our son and of the baby we are expecting. He is my love, my best friend, the only one that I need. Secondly to those who have indicated that I am devastated, I am very well thank you. This crafted conversation isn’t distressing. And to all the media and the haters who are quick to pass judgment, I sincerely wish you a swift recovery. Finally, I do very much wish that Angelina and Brad, both whom I deeply respect, will find peace in this very tumultuous moment. With all my love Marion Ceci sera la première et seule réaction que j’aurai concernant la déferlante inouïe qui à commencé il y a de ça 24 heures et à laquelle je suis mêlée malgré moi. Je n’ai pas pour habitude de commenter ni de prendre au sérieux le tas d’absurdités déversées à mon sujet mais la situation prenant une telle tournure et affectant des gens que j’aime, je me dois de m’exprimer. Pour commencer, j’ai rencontré il y a quelques années l’homme de ma vie , le père de notre fils et du bébé que nous attendons aujourd’hui. Il est mon amour, mon meilleur ami et le seul homme dont j’ai besoin. Ensuite, à ceux qui me prétendent dévastée, je vais très bien merci. Ce genre d’inventions aberrantes ne m’affecte en aucun cas. Et pour finir, à la “presse”, à tous les haters, trolls et consorts qui ont le jugement si rapide je vous souhaite sincèrement… un prompt rétablissement. Ceci dit et un peu plus sérieusement, je souhaite à Angelina et Brad, deux personnes pour qui j’ai un profond respect, de trouver la paix dans ce moment tumultueux. Avec tout mon amour. Marion

A photo posted by @marioncotillard on


Актерката што освои „Оскар“ за улогата во филмот „La Vie en Rose“, очекува дете со францускиот актер Жулаум Канет. Двојката веќе има син.

„Пред многу години го запознав човекот на својот живот, татко на нашиот син и на бебето што го очекувам. Тој е мојата љубов, мојот најдобар пријател, единствениот што ми е потребен“.

Луто реагираше и на информациите за оние што ја проширија шпекулацијата.

„На сите медиуми и злонамерниците што беа толку брзи во осудувањето, искрено им посакувам брзо закрепнување“, порача Котијар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top