Рочиштето за случајот „Поткуп“ во којшто е обвинет лидерот на опозицијата Зоран Заев беше закажано да се одржи денеска во 10 часот во Основниот суд Скопје 1, се одложи затоа што не дојдоа Заев и струмичкиот бизнисмен Иван Николов.
На последното рочиште во судницата беше присутен струмичкиот бизнисмен Иван Николов – Сачевалиев, од кој Заев наводно барал поткуп. Заев за овој случај тврди дека е „наместен“ и обвини дека бил прислушуван неовластено пет години.
Заев, според Обвинителството, во својство на службено лице градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов, побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.
Според обвинението, една половина од парите требале да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица. Заев тврдеше дека цело време бил свесен дека лицето се обидува да го намести и да поднесе кривична пријава против него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)