Дербито од петтото коло во Примера дивизија во Шпанија се одигра меѓу најсериозните кандидати за титулата оваа сезона, Барселона и Атлетико Мадрид на „Камп ноу“.
И двата тима не го искористија киксот на Реал Мадрид, кој одигра само 1-1 на домашен терен против Вилјареал, за да му се доближат на врвот на табелата. Барса и Атлетико одиграа само 1-1, а за да биде маката на Каталонците поголема освен загубените два бода, се повреди и најдобриот нивен играч Лионел Меси. Тој го повреди мускулот и по само еден час игра мораше да го напушти теренот.
Каталонскиот тим имаше потполна доминација во поле, но, сепак, Атлетико Мадрид умее да се брани. И одолеваа гостите на нападите на Барселона сѐ до 41. минута кога Иван Ракитиќ ја погоди мрежата на Облак. Андрес Иниеста нафрли од левата страна, а Хрватот се најде во срцето на шеснаесетникот и со удар со глава постигна погодок.
Но, Атлетико Мадрид не се предаде така лесно. Само две минути по повредата на Лионел Меси, Анхел Кореа во 61. минута, неколку моменти откако влезе во игра, успеа да го израмни резултатот.
Потоа на Барселона ѝ беше многу потешко. Без својот најдобар играч, а и против екстремно цврстата одбрана на Атлетико Мадрид. Тимот на Диего Симеоне си замина со бод од „Камп ноу“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)