Шампионот Јувентус им се врати на победите по поразот од Интер во минатото коло. „Старата дама“ беше убедлива против Калјари, победувајќи со 4-0. Ругани, Игуаин и Дани Алвеш стрелаа во првиот дел, а во финишот на мечот автогол си постигна Чепители.
Рома исто така со 4-0 славеше на домашен терен против Кротоне. Ел Шарави и Салах погодија во првиот дел, а во второто полувреме блесна Џеко со два гола. фантастина асистенција забележа легендарниот Франческо Тоти.
Интер на крилата на Икарди славеше победа против Емполи од 0-2 (0-2). Аргентинецот двата гола ги постигна во 10. и 17. минута и донесе уште една победа за „нероазурите“.
Во останатите натпревари Киево славеше победа со Сасуоло од 2-1, а натпреварите Удинезе – Фиорентина (2-2) и Пескара – Торино (0-0) завршија со поделба на бодовите. Фудбалерите на Торино на Синиша Михајловиќ на денешниот натпревар добија два црвени картони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)