| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид ја прекина серијата, на „Сантијаго Бернабеу“ не успеа да го совлада Вилјареал (видео)

viljareal

Реал Мадрид и Виљареал одиграа изедначен и борбен натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид . Зинедин Зидан не успеа да ја продолжи серијата на победи и со тоа да го урне рекордот на Пеп Гвардиола, па двајцата останаа на 16 последователни победи во шпанскиот шампионат.

Заморот ги стигна „кралевите“ и не одиграа на потребното ниво иако ја имаа контролата на играта во текот на целиот меч. Најдобар поединец беше нивниот голман Серхио Асенхо, кој одбрани неколку силни шутеви кон својот гол. Така, Реал Мадрид не успеа да постави и нов рекорд, по број на последователни победи.

real-madrid

Реал Мадрид во првото полувреме не можеше да создаде стопроцентна шанса кон голот на противникот, а пред самиот одмор, Серхио Рамос играше со рака во шеснаесетникот и беше досуден пенал за Вилјареал. Успешен реализатор беше Бруно Сориано.

Во 48.минута, Серхио Рамос постигна гол за израмнување, но до крајот „кралскиот клуб“ сепак не успеа да стигне до триумф. Роналдо, Бејл и Бензема овојпат не беа во елемент, Асенхо имаше фантастична одбрана по ударот со глава на Алваро Мората и Вилјареал со бод си замина од „Сантијаго Бернабеу“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top