| четврток, 6 декември 2018 |

Ручек за по 20-ти во месецот – прсти да излижеш за 150 денари (ВИДЕО)

Прабаба, баба и мајка Клара на својот канал на Јутјуб споделува наједноставни рецепти кои ја одбележале нејзината младост.

Токму тие јадења ги подготввуала нејзината мајка за време на Големата депресија, економската криза која го обележа почетокот на триесеттите години на минатиот век, кога владеела голема сиромаштија.

Иако симпатичната готвачка почина на 97 години, рецептите кои ги приготввуаше пред камерите до самиот крај на животот се популарни како никогаш, а во нив уживаат многу луѓе во светот.

Јадењата на баба Клара се едноставни, евтини и од достапни намирници, приготвени на брз начин.

Ручек за 150 денари

virsli-kompiri-rucek-jadenje

Сосотојки:

2 поголеми компири, 1 главица кромид, 1 пакување виршли (2-4 парчиња)

Подготовка:

Исчистете ги компирот и кромодит и исечкајте ги на мали коцки. Во подлабока тава ставете масло, ставете ги компирите и кромидот, ставете сол и бибер. Динстајте на среден оган со повремено мешање. По желба додадете лажичка доматно пире или некој друг сос од домати.
Виршлите исечкајте ги на крукчиња, а кога ќе се запече компирот, додадете ги виршлите и продолжете со динстање и мешање. Додадете малку вода и динстајте уште 5 минути.
Кога ќе изврие водата, јадењето е готово. На здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top