По трите порази во низа, Португалецот на кормилото на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по се изгледа решил да ги казни своите фудбалери и малку да ги „исчеличи“, па тие денес биле забележани како прават вежби на паркингот пред хотелот каде се сместени, како дел од подготовките за куп натпреварот со Нортемптон кој е закажан за вечерва.
Манчестер Јунајтед иако е клуб кој тежи 2.5 милијарди и кој потрши 500 милиони фунти во една година за трансфери, Мурињо ги испрати своите фудбалери на паркингот пред хотелот. Тие се во лоша разултатска серија по поразите од градскиот ривал, Манчестер Сити, холандски Феноорд и Ватфорд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.