| четврток, 6 декември 2018 |

Што ѝ шепоти Мисовски на Катица? (ВИДЕО)

На денешната седница на Комисијата за политички систем, на која се разгледува Извештајот за работата на СЈО, во присуство на специјалната обвинителка Катица Јанева, пратениците од опозицијата Петре Шилегов и Горан Мисовски, вогрч од можноста Катица да посака да каже нешто на своја рака и повторно да се посрамоти и себе и институцијата која ја претставува, а е продолжена рака на СДСМ, постојано ѝ суфлираат и ѝ даваат инструкции како да се однесува и дали и што да одговара на поставените прашања од пратениците.

Најверојатно Шилегов и Мисовски поучени од искуството од последното интервју на Катица Јанева за МРТВ, но и од низата промашени јавни настапи на Јанева, не сакаат да остават ништо на случајноста и се обидуваат на секаков можен начин да спречат Катица да брилјира и во Собранието на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top