| четврток, 6 декември 2018 |

Пристигнуваат првите вистински трансформерси (ВИДЕО)

Со децении трансформерсите претставуваа само идеја за роботи кои можат да се претворат во автомобили, но една турска компанија неодамна за првпат вос ветот понуди вистински трансформерси.

Компанијата Летвижн создаде потполно функционален прототип на новите возила на далечинско управување, наречени летрони, кои од БМВ се претвораат во роботи. За жал, засега со нив е можно да се управува само со далечински управувач, зашто нема место за патници.

Меѓутоа, овој проект најверојатно е еден од најверните во историјата кој ги оживеал јунаците на познатата франшиза.

Добра вест за сите гикови е дека Летвижн планира да ги продава роботите, но засега не се знае колкава ќе им биде цената.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top