| четврток, 6 декември 2018 |

Професор си дал отказ, откако нападнал ученик од осмо одделение (Видео)

Млад професор по историја морал да го напушти основното училиште во Јекатеринбург по физички судир со ученик од осмо одделение.

skola_jekarienburg3-660x330

До судирот дошло кога професорот ги собирал тетратките со работа по историја. Ученикот кој не ја направил оваа задача не сакал да ја предаде својата тетратка по што професорот решил да да му ја земе.

Но, ученикот не се предавал, по што професорот го фатил тинејџерот за врат и го фрлил на маса. Останатите ученици го снимиле немилиот настан со мобилен телефон.

-Професорот признал дека неговото однесување било неприфатливо и дал отказ“, кажала Галина Петрова, шефицата на одделот за образование.

Додала дека младиот професор само што почнал да работи во училиштето откако ги завршил студиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top