Еврпската куќа на ракометот ЕХФ по одлуката на извршниот комитет го продолжи договорот со унгарскиот главен град Будимпешта за организација наз завршниот турнир Лигата на шампионите во женска конкуренција.
Будимпешта од 2012 година трипати беше домаќин на„фајнал-фор“ турнирот и на сите три турнири настапуваше ЖРК Вардар. „Ласло Пап Арена“ до 2019 година ќе биде домаќин на најдобрите европски женски ракометни клубови.
Следниот завршен турнир ќе се одржи на 6 и 7 мај, а продажбата на билетите за мечевите кои ќе го дадат новиот европски првак во ракомет за жени ќе започне во март следната година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.