Младиот и талентиран пејач Даниел Кристески пред неколку дена го заврши снимањето на видеоспотот за неговата најнова песна со наслов „Милена“.
Станува збор за песна на која како автори се потпишуваат Ристо Самарџиев – музика и текст, додека пак аранжманот е на Владимир Дојчиновски.
Режисер на спотот е Филип Јакимовски, а истиот се снимашена базенот „Пул хаус“ во Скопје. Покрај Даниел во спотот се појавуваат и моделите Елена и Жаклина.
– Песната наиде на многу позитивни критки кај публиката и тоа беше главната причина поради која решив да снимам спот за неа. Се одлучивме тоа да биде летен видеоспот со атрактивни девојки во него, безразлика што летото веќе си замина – вели накусо Даниел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)