| четврток, 6 декември 2018 |

На Катица под прозор да ѝ плукнеме: Јанева ја бранат Соросовите војници заканувајќи им се на медиумите

Ужасно, срамно и понижувачки започна втората година од работата на СЈО. Иако освен врвен театар не видовме ништо врвно во работата на ова обвинителство, уште помалку врвен професионализам и бескомпромисна борба за правда, како што помпезно се најавуваше, сепак, ни најголемите скептици не беа подготвени да видат ваква форма на врвен срам и недостаток на елоквенција.

Освен што се понижи себеси, во интервјуто на Македонската телевизија Катица Јанева ја понижи и институцијата која ја застапува, телевизијата на која настапи и гледачите кои беа сведоци.

Сепак, ниту во резилот не остана сама. Во одбрана на нејзината немоќ и неподготвеност застанаа новинарите Катерина Блажевска, Ацо Кабранов, Драган Антоновски, Ида Протуѓер, Нора Шакири, Борјан Јовановски, поранешниот Мухамед Зекири.

„Само медиумски бараби може да си дозволат злоупотреба на гостинот кој дошол на снимено интервју, да го изложат на јавен потсмев пуштајќи снимка од сиров материјал во кој се преповторува бидејќи згрешила поретпоставувам заради камерите не заради нестручноста. Тоа не е фер према гостинот, а Катица Јанева претпоставувам огуглала на ваков јавен линч одкуририте бараби во обид да ги спасат апашите на народни пари. За таа телевизија сите плаќаме и не е доволно извинување за гостинот, туку оставки“, смета Кабранов.

aco-kabranov-katica-janeva

Поекстремна е неговата колешка Ида Протуѓер, која отворено им се закани на медиумите кои ја разобличина немоќта на жената која треба да се бори со криминалот да се избори со сопствените болдирани прашања и одговори.

santa-argirova-ida-protuger

„Бедници. Тие нашле за нарачки да пишуваат. Ако има Санта нерви за нив, ќе ги издржи. Само покажуваат до кое ниво го доведоа националниот сервис, суров материјал да изнесуваат за другите „братски“ дпмне телевизии да прават прилози за да го с,орат стравот од Катица. Инаку го изфгледав материјалот и ништо спорно. За јавноста што не знае што се случува зад камерите, таквите интервјуа во кои соговорникот има трема и се монтира материјалот е повеќе од секојдневие. Некогаш психијатар треба да изиграваш за да убедиш соговорник што има трема, а ти значи неговиот став да го снимаш и секако го уверуваш дека и да згреши, ќе се повтори и ќе се измонтира тоа. Дури и јас на почетокот кга сум имала интервјуа, сум ги премонтирувала сопствените прашања поради трема. Искрено се надевам дека медиумскиот октопод ќе дојде на ред во СЈО, па ќе се видат вистинските причини за овие јадни и бедни постапки.“

ida-fb

Нора Шакири исто така застана зад Јанева, односно својот работодавач.

nora-sakiri-katica-janeva

nora-sakiri-katica-janeva-2

borjan-jovanovski-katica-janeva

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top