Нора Шаќири Марковиќ, поранешката тв-водителка, инаку дипломиран социолог, не успеала да го положи испитот за државни административни службеници, пишува порталот „Инфомакс“. Ако Шаќири Марковиќ го положела испитот, ќе се стекнела со право да се вработи во некоја од државните институции.
Таа гласно се побуни кога Заев го вработи Мухамед Зекири во СДСМ и го стави на платниот список на партијата, по што Заев реагираше и во преписките преку Фејсбук ја покани на кафе.
По одредени медиуми имаше информации дека по преписката со Заев, Нора Шаќири уште лани експресно беше вработена во кабинетот на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.
Како што пишува „Инфокас“ за да се положи теоретскиот дел се потребни минимум 15 бода, а таа успеала да направи 13,75. Максимум на испит се 40, од кои 25 за теоретски дел на кој Шаќири паднала и 15 за познавање странски јазик, а тоа не полагала бидејќи паднала на овој првиот, односно теоретскиот дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.