Во петтото коло од италијанската Серија А, денес се одигра еден натпревар во кој Милан на домашен терен славеше во дербито против Лацио со 2-0 (1-0). Фудбалерите на Винченцо Монтела најавуваат подобри денови во новата сезона, забележувајќи ја втората последователна победа.
Творци на победата за „Росонерите“ беа Карлос Бака во 37 минута од првото полувреме и Нијанг со удар од белата точка во вториот дел откако Стефан Раду играше со рака во казнетиот простор на Лацио.
По оваа победа, Милан со девет освоени бода се проби на третата позиција на табелата, но има еден одигран меч повеќе од конкурентите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)