| четврток, 6 декември 2018 |

Има 24 години, заработува 70.000 долари месечно и го шета светот

Ајлин Аделајд е претприемач на 24 години, заработува по 70.000 долари месечно и така шета по светот.

Таа е Филипинка, и кога имала само 19 години започнала со работа во голема компанија за претприемачи. Брзо сепак сфаќа дека работата зад биро не е за неа. Потоа почнува повторно со нова работа, но на друго место. Девојката гради кариера во банка, но одлучува брзо дека и тука не е нејзиното место. Шефовите биле изненадени затоа што таа одлично си ја вршела работата.

Сега Ајлин заработува месечно по 70.000 долари благодарение на онлајн бизнис, кој таа го води со помош на пријател. Тие создаваат интернет магазин за спортски додатоци, кој им носи по 70.000 долари заработка секоја месец.

Со овие приходи може да патува по светот, но и да заработи плус 5.000 долари со реклами објавени на блог за патувања.

За две години ги посетила Јапонија, Индонезија, Франција, Норвешка и Фарските Острови, Белгија и многу други места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top