Драган Којиќ Кеба извиси за местото во жирито на „Ѕвездите на Пинк“, бидејќи челниците на телевизијата во последен момент решиле да ја повикаат Дара Бубамара место него.
Свекорот на Северина добил понуда уште пред дваесетина дена да биде дел од ова музичко натпреварување и иако биле на чекор од конечен договор, во последен момент му јавиле дека сепак нашле друг судија.
-Кеба навистина е интересен и неговото учество во жирито секако би било интересно за гледање, поради што го повикавме да се придружи на Драгана Мирковиќ, Шабан, Весна Змијанац, Зорица Брунцлик и Мирослав Илиќ. Тој ни побара неколку дена да размисли подобро и да се организира. Во меѓувреме ја контактиравме Дара и таа толку беше воодушевена од понудата, што практично договор постигнавме за неколку минути. На Кеба му јавивме дека најдовме друг член на жирито – рекол извор од телевизијата за српски Курир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.