| четврток, 6 декември 2018 |

Брат брата не рани, тешко кој го нема! (видео)

brakja-braunli

Викендов во Мексико се одржа последната трка која беше дел од светската триатлонска серија. И ќе поминеше незабележано доколку при самиот крај не се случеше момент, кој ги освои срцата на многу луѓе низ светот.

braunli

Британецот Џонатан Браунли беше во водство сѐ до 200 метри пред крајот кога почна да губи рамнотежа и да забавува. Веднаш зад него беа Јужноафриканецот Шеман и неговиот брат Алистар Браунли. Во тие моменти Џонатан веќе беше задржан од едно од лицата покрај патеката за да не падне, а неговиот брат го фати под рака и заедно продолжија да трчаат до целта. Кога стигнаа, едноставно го турна својот брат да заврши како втор, а тој самиот го освои третото место.

Сепак, за жал, со освоеното второ место Џонатан не успеа да триумфира во триатлонската серија бидејќи за тоа му беше потребен само триумф. На крајот победник во генерален пласман е Шпанецот Марија Мола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top