| четврток, 6 декември 2018 |

Кејт Мос основа сопствена агенција за модели

Една од најпознатите светски топ-моделки Кејт Мос овој месец основаше сопствена модна агенција по 30 години во модниот бизнис.

Мос во почетокот на годината ја напушти модната агенција „Сторм“, која ја откри кога имаше само 14 години.

Основањето на модната агенција е во исто време со почетокот на Модната недела во Лондон. Таа направи и нов профил на инстаграм каде што моментно има 700 следбеници.

Мос е едниствениот модел во светот што имал најмногу насловнии страници во „Вог“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top