Елен Дејвидсон според Гинесовата книга на рекорди е жена со најмногу пирсинзи на светот. Во мај годинава на лицето и телото имала вкупно 9800. Најмногу има на гениталиите, и однадвор и однатре, а лицето не ѝ се гледа на оваа 51-годишна зависчичка од дупчење.
Роена е во Бразил, не косумира дрога и алкохол, а во моемнтов живее во Единбург, во Шкотска. Пред 5 години се омажила за Далас Вотсон, маж кој нема ниту еден пирсинг. На свадбата имала само 6925 пирсинзи.
-Елејн изгледа прекрасно. Луѓето ги гледаат нејзините пирсинзи, а јас гледам прекрасна личност. Се познаваме долго, се запознавме во кафуле во Глазгов пред 15 години. Секогаш ме воодушевува каков впечаток оставаат нејзините пирсизни врз луѓето. Таа е неверојатна жена, рекол тогаш 60-годишниот младоженец.
И покрај убавите зборови, во 2012 се развеле.
Елејн никогаш не ги вади обетките и прстењата, а поради таа опсесија семејството во голема мера ја отфрлило. Болката е фактор кој ја мотивира во животот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.