Професорот Бен Елис, кој предавал латински јазик во училиштето „Крист пресбитеријан академи“ во Нешвил, Тенеси во САД го виде целиот свет откако околу 400 ученици и професори му се појавија под прозорец за да му пеат и да му дадат поддршка во борбата против ракот.
За жал, тој не успеал да преживее, па само неколку дена по трогателната случка, која многу брзо се прошири на интернет, починал.
Бен бил еден од омилените професори во училиштето, но сепак бил изненаден кога 400 ученици се појавиле пред неговата куќа за да му испеат песна и така да го изненадат. На учениците им се придружиле и колегите на професорот и другиот персонал од училиштето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.