| четврток, 6 декември 2018 |

По 12 години, Филип Мексес се враќа во Франција?!

filip-mekses

Францускиот дефанзивец Филип Мексес како слободен агент може да потпише договор кога сака, надвор од преодните рокови.

Тој по пет години го напушти Милан, а како следна дестинација се спонуваше МЛС лигата во САД или некои од арапските клубови.

Сепак, се чини дека Мексес по цели 12 години повторно ќе се врати во татковината и ќе потпише за Олимпик Марсеј. 34-годишниот Мексес последен пат играше во првата француска лига во сезоната 2003-04 кога настапуваше за Оксер, од каде што прејде во редовите на Рома.

Поранешниот француски репрезентативец летово имаше проблеми со повреда на коленото, чекаше вистинска понуда, а самиот верува дека сѐ уште може да игра на високо ниво во Европа и затоа се очекува да ја прифати понудата на Марсеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top