Нема кој не го знае „успешното момче“ Семи Гринер од оваа фотографија. Семи се прослави во 2007 година кога неговата мајка ја објави фотографијата на „Фликр“. Користена е илјадници пати за различни ситуации, а многу често добивала и духовити фотомонтажи со пораки за успех и истрајност.
Она што навистина се случува во моментот кога е снимена нема врска со тоа за што секористи – Семи се обидувал да јаде песок.
Последен пат се појавил во јавноста кога имал 8 години. Неговото семејство тогаш спорвело успешна кампања за прибирање пари за трансплантација на бубрег на таткото на Семи, Џастин.
Во последните шест години Џастин минувал часови на дијализа запто му откажале двата бубрега. Мајката на Семи сакала да ја искористи неговата популарност за да ги прибере средствата, но се премислила. Сепак, семејството успеало да собере повеќе од 100.000 долари и на Џастин му бил спасен животот.
„Успешното момче“ наскоро може да стане познато и како музичар. Со оглед на тоа што неговата мајка постојано објавува видеоклпови на кои тој битбоксува, не чуди ако наскоро го видиме на сцената.
A video posted by Laney Griner (@laneymg) on
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)