| четврток, 6 декември 2018 |

Пад од едно место на Лина Ѓорческа на ВТА-листата

lina gjorceska

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да стигне во финалето на турнирот во Добрич, Бугарија откако во полуфиналето загуби од Изабела Шиникова со 2-1 (4-6, 6-3, 0-6). Поразот во поединечната конкуренција ја чинеше Ѓорческа пад од едно место на ВТА ранг листата, па сега се наоѓа на 222. место.

Во конкуренцијата на двојки, Ѓорческа заедно со Шиникова која ја елиминира во полуфиналето го освои турнирот по што напредна на светската ранг листа. Минатата недела Ѓорческа беше на 179. место, а денес е на 175. место.

На врвот во женската конкуренција нема промени. Анжелик Кербер стои цврсто на врвот пред Серена Вилијамс и Гарбине Мугуруза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top