| четврток, 6 декември 2018 |

Прва победа за Металург во Сеха лигата

filip-talevski-1

По серијата од три порази, Металург конечно го скрши мразот и стигна до првата победа натпреварите од регионалната СЕХА Гаспром лига. Пред своите гледачи во „Борис Трајковски“ македонскиот вицешампион го победи Татран Прешов со 27-21.

Клучот за успехот вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ несомнено беше одбранта бидејќи уште од самиот почеток на голот беше новото засилување Дарко Арсиќ кој прими само еден гол во првите 10 минути. Покрај сигурната игра во одбраната, во овој дел од натпреварот добро функционираше и нападот на „металурзите“ со бековите во преден план и добра шутерска серија на Филип Талески, Немања Обрадовиќ и на Војислав Брајовиќ.

filip-talevski

Со серија од 4-0 , Металург со третиот погодок на Талески во 18.минута, дојде до највисоки +7 поведувајќи со 8-3 и неколку минути ја одржуваше оваа позитива. Но, во последната третина од првиот дел, спласна играта на „металурзите“, а ракометарите на Татран го искористија тоа, возвратија со четири гола во серија и намалија на 12-9. Конечно, по четири минути без погодок, Мартин Велковски ја прекина серијата на гостите. Сепак, за разлика од речиси перфектната игра во првите дваесетина минути, во завршницата на полувремето, падна концентрацијата и ефикасноста во нападот на Металург. За среќа, ништо подобри не беа ни гостите од Словачка, па Металург на одмор замина со солидни пет гола предност (14-9).

metalurg

Во вториот дел, поточно во 34. минута Металург повторно успеа да ја врати предноста од седум гола, кога Костески и Обрадовиќ со два гола во низа донесоа водство од 17-10. Во 40. минута на семафорот стоеше највисоки 20-12 за домаќинот, но од 45. до 47. минута Словаците резултатски се вратија, откако со три гола на Чип, Урбан и Рабек намалија на 21-18. Лино Червар по тој момент реши да постави поагресивна одбрана, што резултираше и вроди со плод. Голманот Арсиќ и блокот функционираа одлично и нападите беа ефикасни, што донесе сигурна предност од 26-20 на четири минути на крајот од средбата. Без треперења Металург славеше над првакот на Словачка со 27-21.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top