Илија Несторовски е херојот на Палермо на денешниот дуел со Кротоне, откако токму македонскиот фудбалер го спаси својот тим од пораз против новиот прволигаш. Сицилијанците губеа со 1-0 по првото полувреме, но Несторовски одлично се снајде кон средината на вториот дел, па по едно додавање од левата страна со одличен удар „од прва“ со левата нога го матираше домашниот голман и спаси бод за својот тим. По постигнатиот гол тој доби на самодоверба, уште два пати опасно шутираше кон голот на Кротоне, но неговите обиди беа одбранети од страна на голманот Кордаз.
Македонскиот репрезентативец се појави во стартниот тим на Палермо и максимално ја оправда довербата, па се очекува првотимскиот статус да го задржи и за следните средби во Серија А.
Џенова претрпе пораз од 2-0 на гостувањето против Сасуоло, а Горан Пандев влезе во 59. минута, но немаше позабележителна улога во играта на својот тим.
Резултати Италија:
Удинезе – Киево 1-2, Калјари – Аталанта 3-0, Кротона – Палермо 1-1, Торино – Емполи 0-0, Сасуоло – Џенова 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)