Во Прилеп денеска во хотелот „Кристал палас“ граѓанското движење за одбрана на Македонија – ГДОМ одржа трибина на која говореа Тони Михајлоски, Александар Пандов и Александар Даштевски.
Според Пандов, повод за трибината е изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев за двојазичност на целата територија на Македонија.
– Иницијална каписла за трибината се последните изјави во низ на претседателот на СДСМ Зоран Заев околу тоа што сака двојазичноста да биде наметната на целата територија. Должни сме да појаснеме што значат таа двојазичност и политиките што ги води СДСМ. Нивната порака е повторно поделба на Македонија, нејзина федерализација, губење на македонскиот идентитет, или како што тие најавуваат, втор охридски договор. Ние сме против тоа и сметаме дека на најдемократски начин и преку искажување на нашите ставови, а подоцна на 11 декември со пенкало во рацете, може да се спречат сите тие политики, изјави Пандов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)