| четврток, 6 декември 2018 |

Германија: Половина од сириските бегалци ќе имаат иста судбина како југословенските

Германскиот министер за економска соработка и развој Герд Милер изјави дека половина од пристигнатите во земјата сириски бегалци ќе се вратат во својата татковина по решавањето на конфликтот во нивната земјата, пренесоа агенциите.

“Над 50 отсто од воените бегалци од поранешна Југославија се вратија назад за неколку години”, посочи Милер во интервју за весникот “Велт ам Зонтаг”.

Најмалку половина од Сиријците ќе го сторат истото, убеден е тој. Минатата година во Германија се регистрирани близу 1,1 милиони бегалци. Над 400 000 од нив се сириски државјани, потсетува БТА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top