Жозе Мурињо се соочува со сериозен проблем откако Манчестер јунајтед загуби на гостувањето во Лондон против Ватфорд со 3-1, за трет пораз во низа на „црвените ѓаволи“, втор во Премиер-лигата.
Иако важеа за голем фаворит на оваа средба, избраниците на Жозе Мурињо доживеја вистински шок. Валтер Мацари одлично ја проучи играта на „црвените ѓаволи“ и неговите фудбалери по цели 30 години стигнаа до победата над јунајтед.
Ватфорд беше подобар во првото полувреме, па по промашените шанси на Дини и на Игало дојде во водство со контроверзен погодок. Капуе беше стрелец на голот, откако во раната фаза на нападот имаше очигледен прекшрок врз Марсијал што судијата Оливер не го санкционираше.
Манчестер јунајтед во второто полувреме израмни преку Рашфорд, а нешто подоцна имаше и убава шанса за пресврт, но Гомеш го одбрани ударот со глава на Ибрахимовиќ. Валтер Мацари ја погоди замената во 81. минута, кога Зунига влезе во игра на местото на стрелецот Капуе, па колумбискиот фудбалер само една минута подоцна го постигна голот што значеше огромен триумф за Ватфорд на оваа средба. Јунајтед во финишто целосно се отвори, а домаќините го искористија тоа, од контранапад изнудија пенал (Фелаини над Зунига), што Трој Дини го претвори во победа од 3-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)