| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија „однесе“ станбен блок во Барселона (видео)

Силна експлозија потресе станбен блок во Барселона. Инцидентот се случил во одморалиштето Премиа дел Мар.
Експлозијата направи парчиња од вториот кат од станбена зграда во одморалиштето Премиа дел Мар, кој се наоѓа северно од каталонската престолнина.
barselona“Експлозијата се случи во 8.25 часот. (По локално време) 14 лица засега се повредени, а едно починало„, објасни неофицијално портпаролот на екипите за итна помош.
Двајца од повредените се во тешка состојба. Зградата и околните блокови се евакуирани.
Засега причините за жестокиот инцидент не се познати. На местото пристигнале техничари, експерти за гасификација. Тоа наведнува на претпоставката дека станува збор за инцидент со истекување на гас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top