| четврток, 6 декември 2018 |

Напад со нож во Минесота, осум повредени

Најмалку осум лица се повредени во напад со нож, во еден трговски центар, во американската сојузна држава Минесота, соопшти локалната полиција.

Во соопштението се вели дека полицијата го убила напаѓачот. Никој од повредените не се наоѓа во животна опасност.

Нападот се случил во местото Сент Клауд, околу 110 километри северо-западно од Индијанополис. Претставник на полицијата изјави дека засега е се знае мотивот за овој напад.

Сведоци на инцидентот, за американските медиуми изјавиле дека непосредно пред да биде застрелан, напаѓачот извикувал пароли, величајќи го Алах.

Властите, сепак, не го квалификуваат нападот како терористички инцидент. Нема ниту сознанија дека кој било друг бил вклучен во нападт.

Не е соопштен ниту идентитетот на убиениот напаѓач, освен дека бил облечен во униформа на приватна компанија за обезбедување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top