| четврток, 6 декември 2018 |

Де Бласио: Експлозијата во Њујорк нема врска со тероризам

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио изјави дека експлозијата која повреди десетици лица во Менхетен, „нема врска со тероризам“.

Експлозијата сепак била „намерен акт“, пренесуваат американските медиуми.

Според најновите информации во експлозијата повредени се 29 лица, но до сега нема индиции за врски со тероризмот, посочуваат и други официјални лица. Од повредените, 24 биле повредени од стакло или метал при експлозијата, посочува првиот пожарникар Даниел Нигро.

Додека официјалните лица негираат поврзаност со тероризмот, како и со експлозијата во Њу Џерси претходно, неименувани извори за медиумите посочува дека се разгледува опцијата експлозијата да била предизвикана од средство кое се користи во градежништвото. Сепак, друг извор посочува на импровизирано експлозивно средство.

За експлозиите, како и за деактивираната направа во близина на местото на првата експлозија, бил известен и претседателот на САД, Барак Обама.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top