Дел од корисниците лоцирани во близина на полициската станица Беко во центарот на Скопје утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е отстранување на дефект на водоводна мрежа со пречник од 150 милиметри на улицата „Даме Груев“ бр. 7.
Прекинот во водоснабдувањето на корисниците од улиците „Даме Груев“, „Димитрие Чуповски“ и „Мито Хаџивасилев Јасмин“ ќе трае до завршување на интервенцијата од страна на екипите на ЈП Водовод и Канализација – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.