Манчестер сити и понатаму маршира победнички под водство на Пеп Гвардиола во Премиер – лигата. „Граѓаните“, иако денеска беа без Агуеро, со 4-0 го совладаа Бурнемаут на „Етихад“ и потврдија дека ќе бидат главни фаворити за шампионската титула. Кевин Де Бруин од слободен удар го отвори резултатот во 15.минута, Ихеаначо зголеми на 2-0, а во вториот дел мрежата на Бурнемаут ја тресеа и Стерлинг и Гундоган. Во финишот, Нолито заработи црвен картон, но победата на Манчестер сити секако не беше доведена во прашање.
Арсенал беше сигурен на гости против Хал сити и победи со 1-4. Алексис Санчез погоди во 17.минута, а пред крајот на првиот дел не реализира пенал. Хал Сити остана со играч помалку поради исклучувањето на Ливермор, па Волкот, уште еднаш Санчез и Џака ја тресеа противничката мрежа во вториот дел. Хал сити постигна почесен погодок од пенал преку Снодграс.
Актуелниот шампион Лестер почна да ја покажува формата од минатата сезона и денеска на домашен терен славеше рутинска победа од 3-0 над Барнли. Во одлично издание се покажа новото засилување во нападот СИлам Слимани кој постигна два гола. Третиот гол беше автогол на гостинскиот играч Ме.
Во последниот натпревар во треминот од 16 часот, ВБА го торпедираше Вест Хем со 4-2.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)