| четврток, 6 декември 2018 |

Барса се налути, по киксот од Алаваес го декласираше Леганес (видео)

barcelona

Барселона експресно им се врати на победите во Примера дивизија, па по минатонеделниот „кикс“ на домашен терен со Алавес, шпанскиот првак попладнево го декласираше на гостински терен Леганес со 1-5.

Новиот мадридски прволигаш не најде начин да ги запре извонредните Меси, Суарез и Нејмар, кои по меѓусебни акции уште во првото полувреме донесоа водство од 0-3. Меси од пенал зголеми и на 0-4, додека петтиот гол за Барса беше дело на Рафиња, пред Габриел со убав погодок од слободен удар да ги постави конечните 1-5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top