Фоторепортерот на редакцијата „Република“ го пријави физичкиот напад од членови и од обезбедувањето на СДСМ во полиција. Како што е познато, вчера за време на извршување на службена задача пред седиштето на СДСМ, тројца од партиската централа физички го нападнале, се обиделе да му ја одземат опремата, да му ги бришат снимените материјали, а му го одзеле и приватниот мобилен телефон. Притоа, фоторепортерот на „Република“ бил влечен, држен за раце, бил навредуван и бил спречен во движењето, кога посакал да замине.
Всушност, фоторепортерот работеше на сторија поврзана со аферата „Продавачи на скапа магла“, за советниците на Зоран Заев од Србија, афера која ја отвори Република, а за која до сега и покрај бројните обиди, писмени и јавно поставени прашања на прес конференции, СДСМ не одговори на прашањата од Република. Овој напад врз фоторепортерот се случи за време кога пред партиското седиште беше паркиран автомобилот на советниците од Србија. Од тука, не е тајна дека целото раководство на партијата било во објектот од каде се појавиле тројцата напаѓачи. Да биде ситуацијата уште поинтересна, во однос на реакцијата која синоќа ја испрати СДСМ, неполни десет минути по нападот, во партијата пристигнал и Секретарот Оливер Спасовски, во моментов технички министер во МВР.
Но, уште позагрижувачки е односот на СДСМ кон целиот случај. Наместо да преземе мерки кон расчистување на случајот внатре во партијата, тие вчера испратија соопштение во кое го негираат инцидентот. За нив е „наводен инцидент“ бидејќи „немале информација дека пред седиштето имало медиумски работници кои сакале да снимаат“.
Нападот врз фоторепортерот на Република е само последно од серијата насилства врз новинарските екипи на Република од страна на членови и вработени на политичката партија СДСМ. Република е под постојан притисок и закани од СДСМ уште од времето на протестите и кампирањето на опозицијата пред Владата.
Новинари на Република се под постојан притисок при работењето не само од поединци туку и од партијата, што започна уште од почетокот на прес конференциите во седиштето на СДСМ и однесувањето кон новинарските екипи од редакции кои „не им се по волја“ на СДСМ, продолжи со навреди, притисоци и навреди кон вработените во Република цели два месеци за време на кампирањето пред Владата на РМ, во чија близина се и канцелариите на Република, потоа со напад во кој беше скршена и вратата, но и со организирани клевети навреди и лаги изнесени на прес конференции на партискиот гласноговорник и пратеник во македонското Собрание токму пред влезната врата на редакцијата.
Токму за тие клевети изнесени од СДСМ кон Република и за изречените лаги, во тек е судски процес покренат од Република против партискиот портпарол Петре Шилегов.
Ваквиот насилен однос на СДСМ кон новинарските екипи го покажува вистинскиот однос на партијата и опозицијата кон медиумите, токму она на што и се предупредува што всушност се крие кога СДСМ бара измени во медиумската сфера, но и разбирањето на СДСМ за слободата на говорот, медиумите, слободата на изразување.
За овој физички напад врз новинар- фоторепортер на Република се известени сите релевантни домашни и странски здруженија и институции, како и релевантните амбасади кои се занимаваат со проблемот за слободата на медиумите наметнат од СДСМ. Од нив очекуваме сериозна реакција во однос на заштита на новинарската работа и слободата на медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)