Откако определени веб портали и социјални мрежи повикаа за донации Фондот за здравствено осигурување на Македонија информира дека се одобррени средства за лекување во странство на 18-месечниот Мартин Мицев.
Третманот во Германија изнедува 280.000 евра, а Фондот ќе го покрие целото лекување.
„Решението веќе им е предарено на родителите, а на Мартин му посакуваме побрзо излекување и закрепнување“, стои во соопштението.
Фондот и понатаму продолжува посветено да работи на обезбедување на квалитетни здравствени услуги на осигурените лица.
За Мартин донираа и добрите луѓе и организации кои учествуваа на донаторската акција во организација на Фондацијата „Трајче Мукаетов“. Повеќе од милион и триста илјади денари ќе бидат донирани за лекување на 18-месечното бебе, на кое му е дијагностицирана исклучително ретка болест ембриобластен тумор на мозокот.
Бебето Мартин Мицев неодамна е оперирано во Македонија и ќе следува негов постоперативен третман на клиника во Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако одите на одмор во странство: ФЗОМ со важно известување до сите граѓани
-
ФЗОМ не сака преку медиумите да комуницира со своите партнери, најавува средба со Здружението на приватни гинеколози
-
Гинеколозите ќе издаваат само упати, а ФЗОМ нека лекува пациентки
-
ФЗОМ ќе ја зголеми квотата за овој месец и вкупниот буџет за лекови